“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 23. јул 2022.

СТАРИ ГРАД ОСТРОЖАЦ, ЦАЗИН, БиХ, УНСКО - САНСКИ КАНТОН


     Многу од средновековните тврдини и градови се зачувани во питомата и убавата област на Босанската краина, која потсетува на минатите времиња и бурните настани во регионот. Старата тврдина и замок Острожац  е вистинска скапоценост меѓу нив.

   Острожац  најдолго се населувал, често се реновирал и се прилагодувал кон сите периоди, затоа што тие што го населувале си го приспособувале на своите потреби. Античките документи велат дека уште во 1286 година неговото име било запишано во историјата. Хроничарот Иван Томашевиќ тврди дека постоел запис и под името Хоросиум или Хостосах уште во 405 година п.н.е. (не е историски докажано.). Уште во 15 век Острожац имал сопствен судија, совет, писар и печат. Во 1577 година  градот паднал под власт на Османлиите. Најголема заслуга за поправката и надградбата на тврдината Острожац има  Осман ага Беширевиќ (1690 - 1727),  кој е и првиот капетан на капетанијата Острожац. На крајот на 16 век  капетанијата броела 150 луѓе, во средината на 17 век броела 204 луѓе, а во 18 век капетанијата броела 266 луѓе и имала 2 поголеми и 4 помали топови. На почетокот на 19 век Острожац бил опремен со 28 топови и капетанијата броела 4150 војници. Со доаѓањето на Австро -Унгарија и нејзината окупација семејството Беширевиќ, поточно нивниот наследник Мехмед Бег Беширевиќ, го продале градот на Лотар фон Беркс, кој истотака и бил началник на тогашниот округ Бихаќ од 1896 до 1905 година. Фон Беркс продолжил со обновување и надградбата на градот во кој и се преселил (во 1902 година). Новото поглавје на старата тврдина и замок Острожац е започната во 1969 година, кога на иницијатива на Републичкиот фонд за унапредување на културни дејности е основана Колонија на скулптори „Острожац“. 
  Секоја година, во јули и август, скулпторите резбаат скулптури од различни формати од  камен бихацитБлагодарение на Колонијата, стариот град Острожац  доби Парк на скулптури, кој е еден вид на галерија  под отворено небо.

Како да го најдете ова место?

     Замокот се наоѓа веднаш до главниот пат кој ги поврзува градовите Бихаќ и Цазин. Само на 9 km од центарот на Цазин и 17 km од центарот на Бихаќ. Има неколку патокази кои ќе не однесат до саканата дестинација. Од кој правец и да дојдеме замокот ќе ни „падне“ во очи и нема да можеме да поминеме без да го забележиме

Паркингот е веднаш до влезот.

Забележливо е дека целиот простор околу а и внатре во замокот е многу чист и одржуван од управата

   Поради раскошната убавина што ја содржи оваа тврдина препорачувам да се одвојат неколку часа за детално да се разгледа и доживее во целост

   Секоја кула ни е достапна и можеме да се искачиме и да направите детална обиколка на утврдувањата на замокот.


     

Само последната кула е во многу лоша, состојба но овозможене пристап да се разгледува секоја просторија.





      На вториот кат има балкон (кој е достапен право низ ходникот),  од кој  се гледа прекрасната река Уна. 








       Покрај кулите, има колекција од (над) 100 камени скулптури  кои ако сакаме да ги разгледаме ќе треба да си дојдете многу порано.  

     Во текот на сите годишни времиња, стариот град Острожац изгледа прекрасно и е привлечен за посетители.  Не постои фотографија која може да ја прикаже оваа несекојдневна убавина, парче рај.






                                                                                       незаборавен јуни 2022

четвртак, 1. април 2021.

Упатство за работа на PHET симулацијата

 


Упатство за работа на PHET симулацијата:

- Отвори го  link-от: http://skr.rs/zzzQ

- На екранот ќе се појави работна површина  на која што може да се поставуваат потребните елементи од струјниот круг  кои се понудени во вертикални  менија од левата и десната страна на работната површина.

- Во менито од левата страна се дадени  сите компоненти кои би можеле да бидат дел од струен круг(извори на струја, прекинувачи, потрошувачи, спроводници, изолатори, разни предмети и живи суштества)

- Во менито од десната страна се бира  каква да биде  прикажана насоката на струјата (електронска или техничка), Дали елементите покрај сликата да бидат именувани, Дали да се покажуваат вредностите на отпорот, напонот и јачината на електричната струја. Ја местиме отпорноста на спроводникот и  внатрешниот отпор на изворот. Го бираме и изгледот на елементите во струјниот круг , да е реален или шематски.

- Кликни на елементот кој сакаш да го поставиш во струјниот круг и довлечкај го на работната површина. За бришење кликни на елементот потоа кликни на корпата за отпадоци.

Разгледај ја и следнава симулација, па одбери со која ќе работиш.

CIRCUIT BUILDER симулација за составуње струен круг

https://simbucket.com/circuitbuilder/

Упатство за користење на симулацијата:

-  Отвори го link-кот https://simbucket.com/circuitbuilder/

- На екранот ќе се појави работна површина со мрежа на која каде може да се поставуваат потребни елементи од струен круг.

- кликни на елементот кој сакаш да го поставиш во струјниот круг, а потоа кликни на мрежата каде што сакаш да го поставиш. За бришење кликни на “Х” па потоа на   елементот кој треба да се отстрани.

- Ако кликнеш на менито означено со 3 ќе се појават стрелки, со кои се менува напонот на батеријата.

- Ако кликнеш на менито 4 ќе добиеш волтметар и амперметар со кои се мери напонот и јачината на струјата.

Вежба - Составување струен круг, мерење на јачина на електричната струјата и електричниот напонот

 

Функционалниот картон

Вежба - Составување струен круг, мерење на јачина на електричната струјата и електричниот напонот

Потребен прибор: Компјутер, интернет, инструкции изработени ид наставникот, PHET или CIRCUIT BUILDER  симулација за составување на струен круг.

Тек на работа׃

1.   Електричниот струен круг состави го според дадената шема.

При составување електричен струен круг треба да се запомни следново׃

    а) Составувањето на електричен струен круг секогаш се врши со отворен прекинувач.

 б) Врзувањето во кругот започнува со едниот пол на изворот и по последователното врзување на сите елементи во него, се поврзува со другиот пол на изворот.

в) При врзувањето ва инструментите со кои се мери истонасочна струја секогаш внимавај на поларитетот.

г) Амперметарот во електричниот струен круг секогаш се врзува сериски со изворот и потрошувачите, а волтметарот секогаш паралелно.

ГЛАВЕН ДЕЛ:

1. Еден од учениците под надзор од наставникот, составува струен круг според шемата, го мери напонот и јачината на струјата и ги запишува измерените вредности.

2. Друг ученик го Исклучува прекинувачот, амперметарот и волтметарот ги врзува во друга положба како на сликата. Го вклучува прекинувачот. На амперметарот ја прочитува вредноста на јачината на струјата, a на волтметарот ја  прочитува  вредноста на напонот  и ги внесува во табелата.

3. Задолжение за сите ученици: Избери сам некоја трета положба во која ќе ги врзеш амперметарот и волтметарот. Прочитај ги вредностите за јачината на струјата и за напонот па внеси ги во табелата.  

Завршен дел:

- Спореди ги вредностите на јачините на струјата. Што заклучуваш?

- Врз основа на добиените вредности за напонот одговори на следниве прашања:

а) Колкав е напонот меѓу половите на изворот на струја кога електричниот круг е затворен?

б) Колкав е напонот меѓу половите на изворот кога електричниот струен круг е отворен?

в) Дали се сеќаваш како се вика напонот што постои меѓу половите на изворот на струја кога струјниот круг е отворен?

недеља, 11. октобар 2020.

Пример на онлајн час со имплементација на меѓуетничка интеграција во образованието 2019/2020 и 2020/2021

Часовите  се наменети за спроведување на заеднички ученички активности во основните училишта кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата.

Часовите се реализирани со наставници од три  основни училишта и тоа 2. наставници од ОУ „ Мустафа Кемал Ататурк“, Центар Жупа,  од турската и албанската наставна програма,  1 наставник  ООУ „11 Октомври“, Скопје, од македонска наставна програма и 1 наставник од ООУ Димитар Миладинов Скопје, од македонска наставна програма. (Наставници: Фехми Скендер, Лејла Шаиноска, Биљана Васиќ и Аида Петровска)

Часот се одржаа на три јазици и тоа на македонски, албански и турски јазик се со цел учениците спонтано да научат нови зборови на јазикот на другарчињата.


Кликни ТУКА за да го погледаш часот - Движење на воздушните честички 

 

Најава за втор час со проширен тим: