“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 23. март 2013.

Годишни времиња


Главната причина зошто на Земјата постојат годишни времиња е нејзината оска. Земјината оска е замислена линија која поминува низ половите и формира агол од 23.5 степени во однос на нејзината вертикална орбита околу сонцето и секогаш е насочена во иста насока во текот на целата година. Зраците кои доаѓаат од сонцето, паѓаат под помал агол во споредба со другите подрачја на земјината топка. Кога северната хемисфера е подалеку од сонцето, односно можеме да кажеме дека “бега” од него, тогаш количината на светлината која ја добива е поделена на поголемо подрачје и затоа добива помалку топлина. Така во тоа време на северната хемисфера ке биде зима, а на јужната лето. Истото се случува кога јужната “бега” од сонцето. Па така, во втората половина од годината, таму ке биде зима, а на северната ке биде лето. Затоа, од ова можеме да заклучиме дека сите делови од Земјата примаат различна количина на сончева енергија и затоа постојат годишните времиња. Летната долгоденица е времето кога северната хемисфера е најблиску до сонцето. Тогаш сонцето е на највисоката точка на небото, па затоа му треба повеќе време да го “помине” небото. Тоа е причината зошто најдолгиот ден во годината е некаде околу 21 јуни. 
ЛЕТО
 Додека северниот пол почнува да се повлекува од сонцето, тоа се движи се пониско (јужно) на небото. Деновите постепено стануваат се пократки и кога ке дојде до средната точка на “движење” околу 22 септември велиме дека настапила есенска рамноденица. 
ЕСЕН
 Кога северниот пол ке се најде најдалеку од сонцето, тоа излегува на најниската (најјужна) точка и затоа небото го “поминува” доста бргу. Тогаш, околу 22 декември го имаме најкраткиот ден и тоа го нарекуваме зимска краткоденица.
ЗИМА
 Кога северната хемисфера повторно почнува да се приближува кон сонцето, тоа секојдневно почнува да се крева се повеќе на небото и кога ке ја достигне средната точка околу 21 март, велиме дека настапила пролетната рамноденица.

ПРОЛЕТ
Кога оската би имала навалување од нула степени во однос на движењето на Земјата околу сонцето, не би имале годишни времиња, а сончевите зраци би доаѓале до Земјата под ист агол во текот на целата година.
Најчеста забуна во врска со годишните времиња е од кога Земјата ке се приближи до сонцето, тогаш е лето, а кога ке се одалечи е зима. Земјата се движи околу сонцето во облик на елипса, а не како совршен круг, но таа елипса многу малку отстапува од кружницата и тоа отстапување нема голем ефект врз годишните времиња.

субота, 09. март 2013.

Грип (influenca)

Грип (influenca) - акутна вирусна болест на дишните патишта

Грип (influenca) е акутна вирусна болест на дишните патишта која многу брзо се шири. Се појавува првенствено на северната хемисфера во зимските месеци и ја загрозува севкупната популација, а посебно старите луѓе и болните со хронични срцеви, белодробни и други заболувања. Симптомите се појавуваат отприлика 3 дена по заразата со вирусот на грип. На заразената личност и е студено, исцрпена е, има висока температура, главоболка, болки во мускулите и коските, надразливо чувство во грлото и сува кашлица. Сите наведени симптоми обично ги снемува за 2-7 дена, единствено кашлицата може да трае и по неколку недели.
Вирусот на грип се пренесува со заразени капки и преку површини кои се заразени со слуз од дишните патишта на заболена личност. Заразените капки настануваат при кивање, кашлање и гласен говор. Може да преминат далечина од најмногу едно метро, па затоа за пренос на вирус на грип е потребен близок контакт со заболената личност, обично во затворен простор. На површина во исушена слуз овој вирус може да преживее и по неколку часови. Ако заразената површина ја допреме со рака, можеме вирусот да го пренесеме на слузокожата на носот и устата.

Како да се заштитиме од грип?

Најефикасна заштита од грип е вакцинација која се препорачува на сите, посебно на постари од 65 години, болните со хронично оболени бели дробови, срце, бубрези, дијабетичари, личности со послаб имунитет, личности кои се лекуваат со хемо-или радиотерапија и личности со малигни заболувања. Вакцинација се препорачува и на членовите на семејствата на сите горенаведени за да не би ги загрозиле со вирус.
Вакцинација се препорачува и на бремените жени пред крајот на бременоста, доилките а и на децата, посебно на школска возраст. Вакцинација се препорачува и за медицинскиот персонал и луѓето со слични професии, каде заради отсутност заради грип би имало големо влијание на работата (полиција, царина, пошта, пожарникари...). Многу е важно да одржуваме добра телесна кондиција, доволно да се одмораме, да правиме прошетки на чист воздух и да се храниме здраво, првенствено со овошје и зеленчук. Во месеците кога има повеќе зарази на дишните патишта треба да се избегнуваат затворени простории и повеќе пати темелно да се измијат рацете за да не пренесеме вирус на грип или други микроорганизми во дишните патишта.

Вакцинација против грип - ДА или НЕ?


Кога е најголемата веројатност за појава на грип?

Во текот на целата година по светот кружат заразни болести, па така и грипот.
За вирусите на грип значајно е дека во најголема мера кружат помеѓу жители на северната хемисфера во зима и пролет. Тогаш се најдобри услови за негово ширење, затоа што најмногу се задржуваме во непроветрени простории, вирусите се пренесуваат со заразени капки при кивање, кашлање и гласен говор, а значајни се и преголеми, односно брзи промени на температурата - од жештини до силни студови.

Дали среде зима е предоцна да се прими вакцина?

Вакцинирањето почнува кон крајот на есента и трае се додека бројот на заболени од грип не почне да се намалува. По вакцинацијата, заштитата кај младите се развива во рок од една седмица, а кај постарите 2 седмици и повеќе.

Зошто мора да се вакцинираме против грип секоја година?

Вирусите на грип често и брзо се менуваат, затоа стручни лица секоја година произведуваат серум против вирус. Токму затоа мораме вакцинацијата против грип да ја повторуваме секоја година.

Мораме ли да посетиме лекар во случај на зараза на грип?

Кога ќе заболиме од грип мораме да мируваме, да пиеме многу течности и да се погрижиме да не ги заразиме личностите во близина со своите излачени слузови. Кога кашламе, мораме да ја покриеме устата со марамче, а рацете често да ги миеме. Болеста обично исчезнува после неколку дена. Грипот е предизвикан од вирус и затоа земањето на антибиотици нема да влијае на текот на болеста. Висока телесна температура се смалува со антипиретици, на пр. аспирин кај возрасни и парацетамол кај деца, затоа што аспиринот не е соодветен за деца.
За постари личности кои се лекуваат од хронични болести и луѓе со послаб имунитет грипот може да биде тешка и опасна болест. Ако состојбата по неколку дена не се подобри - првенствено се мисли на висока телесна температура и кашлање кое станува гнојно, значи дека покрај грипот станува збор и за воспаление на белите дробови. Во тој случај преглед и совет од лекар е задолжителен.

Можеме ли и детето да го лечиме како возрасен или некои од начините на лечење за детето не се соодветни?

Кај болни со грип, со лековите лечиме симптоми како што се висока температура, надразливост, сува кашлица и болови во мускулите. Децата ги лечиме како и возрасните, но мораме прво да внимаваме на возраста и телесната тежина. За смалување на температурата не смееме да даваме салицилати (аспирин).
За лечење на грип веќе неколку години на пазарот има на располагање повеќе видови на лекови кои се со различна ефикасност. Лековите малку го намалуваат траењето и го ублажуваат текот на болеста, доколку доктор ви ги препише на првиот или вториот ден од болеста. Некои лекови не се соодветни за болни со сериозно оштетени бубрези или црн дроб, други за болни со астма. Во никаков случај лековите не можат да ја заменат вакцинацијата.

Епидемија на грип

Епидемија на грип прв ја споменал Хипократ 412 г. п.н.е, првата добро опишана пандемија на грип е забележана во 1580-тата година. Во последниот век најпознати беа 4 пандемии на грип: руска 1891-та година, шпанска 1918/19-та година, азиска 1957-та и хонгконгска 1968-та година.
Постојат докази дека таквите пандемии ги предизвикале животни - свињи и птици. Во тие пандемии тогаш била заразена половина од светското население. Во пандемијата на шпанскиот грип, каде околу 80% заболени биле помеѓу 15 и 45 години на старост, починале околу 20 милиони луѓе. Во епидемии може да заболат од 15 до 25% на населението во големите градови, а во колективите и до 40% од луѓето.
Познати се 3 вируси кои предизвикуваат грип: вирус influence A, B i C.
Вирус influence A предизвикува епидемија и пандемија, вирус B обично ограничени избивања, а вирус C заразува поединци и не предизвикува епидемија. Разликување на наведените типови на вирус можно е со серолошки испитувања.
 Преземено од Рингераја.

петак, 08. март 2013.

8-ми Март - Меѓународниот ден на жената

8-ми Март - Меѓународниот ден на жената
На 8-ми март секоја година се одбележува Меѓународниот ден на жената. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистирало социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28-ми февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка.
Во 1910 година под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум.
Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8-ми март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.
Инспирирана од случувањата во САД во 1909-тата година, по повод ова прашање, Германката Луиз Циц го предложила организирањето на Меѓународниот ден на жената.
Со оглед на тоа што Циц не успеала свите идеи да ги претвори во дело, германската феминистка Клара Цеткин (1857 - 1933) ја превзела иницијативата за празникот.
Во периодот од 1892 година до 1917 година Цеткин живее и работи во Штудгарт каде го издава весникот „Еднаквост“. Таа е една од основачите на Меѓународниот социјалистички женски конгрес чие основање се датира во 1907 година. Три години подоцна, во 1910 година на Конгресот на Меѓународната конференција на жената одржан во Копенхаген, на предлог на Клара Цеткин, донесена е одлука за прогласување на Меѓународен ден на жената, без притоа да се прецизира неговиот датум.
Симболиката на овој празник требало да биде актуелизирање на барањата за подобрување на условите за работа на жените и квалитативно подобрување на нивниот социјално – политички статус во општеството.
Веќе наредната 1911 година празникот на жената е одбележан на 19-ти март, а дури по револуцијата во Русија и победата на болшевиците, како Ден на жената е прогласен 8-ми Март, датум на кој во 1917 година жените во Москва одржале големи антивоени демонстрации. Токму таа година, жените во Русија во знак на протест на организирале протест „Леб и мир”. Четири дена потоа, царот на Русија абдицирал и привремената Влада им одобрила на жените право на глас.
Организацијата на Обединетите Нации годината 1975 ја прогласиле за Меѓународна година на жените, и 8-ми март за Меѓународен ден на жените. Две години подоцна Генералното собрание на ООН со прокламација ја прифатило резолуцијата за правата на жените и меѓународниот мир. Со прифаќањето на резолуцијата Генералното собрание доделило признание на  улогата на жените во напорите за мир и развој во светот и се заложило за крај на дискриминацијата и зголемување на поддршката за целосно и рамноправно учество на жените во сите сфери на животот.
Иако во историјата одбележувањето на овој ден  започнало како политички настан, денес тоа е празник испреплетен со културите навики на многу светски народи.
Денес, 8 март е државен празник само во малку земји како Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Бугарија, Монголија, Узбекистан, Виетнам, Кина.
Република  Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и нема политички конотации.

субота, 02. март 2013.

АФЛАТОКСИН



Афлатоксинот настанува од габата Aspergillus flavus.
Може да биде присутен во добиточната храна, во суровини кои ги консумира човекот како житарки, компири, овошје, ореви, кикирики како и храна од животинско потекло, особено млекото. Млекото со афлатоксин е резултат на исхраната на животните со контаминирана добиточна храна.
Тој е еден од најопасните токсини и канцерогени материи во храната. Габата Aspergillus flavus, се создава во сите процеси од растење до берба на културите и складирање. Нејзината појава е условена од географската положба, агротехничките мерки и обработката на суровините.
Постојат повеќе типови (Б-1, Г-1), кои може да се идентификуваат со лабараториска анализа. Афлатокиснот е единствениот познат микотоксин за кој се води епидемолошка евиденција поради опасноста од предизвикување на рак кај човекот.
Афлатоксинот Б-1 е најјаката канцерогена материја која може да е присутна во храната.
Ракот на црниот дроб и афлатоксионот се дирекно поврзани. Контрола на сите суровини е единствена ефикасна мерка на претпазливост.
Уште во ноември 2012 година, експертите предупредуваа дека пченката во Србија и тоа поголем дел во себе содржи отровни материи. Тогаш лабараториски било утврдено присуство на афлатоксин во пченката.
Екстремната суша, предизвика појава на афлатоксин во пченката и од целиот род, само 30% е безбеден за консумирање.
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) смета дека кога станува збор за афлатоксинот не може да се постигне апсолутна безбедност на храната, односно максималната дозволена количина да биде еднаква на нула. Повремена консумација на мали количини афлатоксин е неизбежна, но во тој случај агенцијата смета дека ризикот за појава на рак е низок.


Штетни материи ни демнат не само преку храната, но и во кујната, бањата или дури воздухот кој го дишеме. Мувла на ѕидовите може да предизвика болести на дишните патишта или алергии, предупредуваат лекарите. Најмногу загрозени се домаќините кои чистат. Темните дамки во никој случај не смее да се допираат со голи раце, туку само со ракавици и без да се вдишува правот од мувлата.
Луѓето треба да бидат особено внимателни и со различни производи во домаќинството кои имаат видлива мувла. Многу често во нив има од овие габи и затоа треба да се исфрли делот со мувла и тоа за сигурност да се исфрли и поголем слој од под мувлата, најмалку 3-4 см од горниот слој Слаткото може да се консумира само ако не е променета боја, конзистенцијата и мирисот. Доколку не сте сигурни најдобро е веднаш фрлете го.

Видиме ли дека јаболката има кафени дамки, тие исто така мора да бидат отстранети. Да се конзумира само оној дел од плодот, која е без промена во вкусот и мирисот.

Луѓето штедат и не фрлаат леб, но внимавајте ако има и малку мувла на него – ризикуваат многу повеќе од пари – ризикувате здравје. Мувлосаниот леб може да предизвика и интоксикација, во која човек се чувствува и однесува како да е пијан. – доживуваат еуфорија, вртоглавица, нарушена координација.
Постојат и други видови на габи кои можат да одделат опасни за човекот. Такви се габите фузарија, кои исто така можат да се содржани во афлатоксините а да предизвикаат оштетување на коскената срцевина и лимфните клетки.
Друга состојба поврзана со труење од храна, е ерготизам. Предизвикува од микроорганизам во брашното и тестенини. Единствениот спас од оваа габа е целосно уништување на заразените зрнa во силосите.
Од микотоксините има и корист – наоѓаат примена во медицината. Типичен пример е пеницилинот

Познат е и т.н.. синдром на болна зграда. Постои во секоја постара од 5 година зграда, во која “чистиот” воздух се обезбедува преку системи за вентилација,  Кога не се чистат, водат до појава на штетни организми во воздух на просториите – габи, мувла, бактерии, вируси, како и до испуштање на штетни гасни емисии од растворувачи, градежни остатоци, гниење органски материи.
Посетителите и вработените дишат опасен воздух, што може да предизвика главоболка, замор, неможност за концентрација, егземи, алергии, сува кашлица, може да предизвика дури и астматични напади.

Сепак им храна која ја намалува токсичноста. Ц витаминот се оксидира и разградува во контакт со воздухот. Подобро е да се зема преку храната, отколку во прав или во ампули. Храна како моркови, магдонос, целер, кои успешно се борат со токсините и го намалуваат негативното влијание од мувлата.

 Како афлатоксинот стигнал во млекото?


Преку пченката која што се користи како исхрана за стоките, афлатоксинот пристигнал во организмот на кравите. Афлатоксините кои се наоѓаат во млекото се најсилните познати канцерогени состојки во природата. Во Европската Унија дозволената количина на афлатоксинот во млекото е 0,025 микрограми во килограм. Но, за да се направи еден килограм сирење, потребни се најмалку 3,5 литри млеко, што значи 3,5 пати повеќе потенцијално заразено млеко и исто толку поголема опасност по здравјето на луѓето. Кога еднаш ќе влезат во синџирот на исхрана, афлатоксините тешко можат да се уништат.

Најчеста болест е ракот на
црниот дроб.
Возрасните лица имаат висока толеранција на афлатоксини затоа што истите се широко распространети во природата. Сепак, доколку постојано сте изложени на неговото дејство, опасностите се поголеми, а најчестата болест која што се јавува е ракот на
црниот дроб.
Во сточната храна и концентратите може да се додаваат одредени минерали кои што им овозможуваат на животните преку изметот да го исфрлат отровот од организмот и истиот да не се поврзе со месото.
Три до седум денови откако ќе се прекине исхраната на кравите со контаминирана храна, афлатоксините исчезнуваат од млекото. Затоа што сточната храна е затруената пченка, овој канцероген ќе се појави во сите производи кои што настанале како последица од консумацијата на отровната храна: млеко, сирење и другите млечни производи. Она што е дополнителен проблем е фактот дека потрошувачите не можат да откријат дали млекото е отровно, ниту по вкусот, ниту по мирисот.

Што афлатоксинот може да му направи на организмот?!
Токсичните ефекти се манифестираат како воспалителни промени на органите за варење. Така, може да се забележи драстично влошување на состојбата на организмот, внатрешно крварење и смрт. Сепак, за да се дојде до овие катастрофални последици, мора да се внесе исклучително голема количина од афлатоксинот.