“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 23. март 2013.

Годишни времиња


Главната причина зошто на Земјата постојат годишни времиња е нејзината оска. Земјината оска е замислена линија која поминува низ половите и формира агол од 23.5 степени во однос на нејзината вертикална орбита околу сонцето и секогаш е насочена во иста насока во текот на целата година. Зраците кои доаѓаат од сонцето, паѓаат под помал агол во споредба со другите подрачја на земјината топка. Кога северната хемисфера е подалеку од сонцето, односно можеме да кажеме дека “бега” од него, тогаш количината на светлината која ја добива е поделена на поголемо подрачје и затоа добива помалку топлина. Така во тоа време на северната хемисфера ке биде зима, а на јужната лето. Истото се случува кога јужната “бега” од сонцето. Па така, во втората половина од годината, таму ке биде зима, а на северната ке биде лето. Затоа, од ова можеме да заклучиме дека сите делови од Земјата примаат различна количина на сончева енергија и затоа постојат годишните времиња. Летната долгоденица е времето кога северната хемисфера е најблиску до сонцето. Тогаш сонцето е на највисоката точка на небото, па затоа му треба повеќе време да го “помине” небото. Тоа е причината зошто најдолгиот ден во годината е некаде околу 21 јуни. 
ЛЕТО
 Додека северниот пол почнува да се повлекува од сонцето, тоа се движи се пониско (јужно) на небото. Деновите постепено стануваат се пократки и кога ке дојде до средната точка на “движење” околу 22 септември велиме дека настапила есенска рамноденица. 
ЕСЕН
 Кога северниот пол ке се најде најдалеку од сонцето, тоа излегува на најниската (најјужна) точка и затоа небото го “поминува” доста бргу. Тогаш, околу 22 декември го имаме најкраткиот ден и тоа го нарекуваме зимска краткоденица.
ЗИМА
 Кога северната хемисфера повторно почнува да се приближува кон сонцето, тоа секојдневно почнува да се крева се повеќе на небото и кога ке ја достигне средната точка околу 21 март, велиме дека настапила пролетната рамноденица.

ПРОЛЕТ
Кога оската би имала навалување од нула степени во однос на движењето на Земјата околу сонцето, не би имале годишни времиња, а сончевите зраци би доаѓале до Земјата под ист агол во текот на целата година.
Најчеста забуна во врска со годишните времиња е од кога Земјата ке се приближи до сонцето, тогаш е лето, а кога ке се одалечи е зима. Земјата се движи околу сонцето во облик на елипса, а не како совршен круг, но таа елипса многу малку отстапува од кружницата и тоа отстапување нема голем ефект врз годишните времиња.

1 коментар: