“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 27. април 2013.

ДЕНОТ НА ТРУДОТ - 1 МАЈ

Во многу држави 1 Мај е неработен ден и најчесто се одбележува со протесни маршoви на работниците, кои ја користат можноста да побараат подобрување на нивните права.
Традиционално на овој ден, повеќето од македонските граѓани одат на излети во природа и најчесто приготвуваат скара.
Денот на трудот се празнува на првиот ден од мај во знак на почит кон жртвите од штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго.
Целта на првомајските демонстрации во Чикаго била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден, но полицијата употребила сила и имало жртви.
На првиот Конгрес на Втората интернационала што се одржала во Париз во 1889 година, е решено секоја година на 1 Мај, во сеќавање на чикашките работници да се одржуваат масовни демонстрации.




КРОМИД

Кромид
Кромидот е еден од најстарите зеленчуци познати на човештвото. Постојат неколку сорти од овој тркалезен зеленчук: жолт, црвен (полут и поблаг), бел, бисерен и благ кромид. Тој се употребува како додаток или зачин во сите светски кујни. Може да се најде во свежа, замрзната, конзервирана и дехидрирана состојба, како и во прав. Овој зеленчук може да се користи во речиси секој вид на храна. Може да се јаде пржен или свеж во салати, но и како зачин. Во зависност од врстата, кромидот може да биде со остар или благ вкус.
Кромидот е многу здрав зеленчук. Луковицата од кромидот содржи вредни лековити материи и може да се користи како природен лек за многу заболувања.
Во исхраната се користи преку цела година: млад (зелен) кромид, во пролет, млади главици кромид, преку летото и зрел кромид во зимата.
Од хранливи состојки кромидот содржи многу јагленохидрати, во мали количини растителни белковини и масти. Но, вистинската вредност на кромидот во исхраната потекнува од содржината на витамини и минерали. Тој е вистинска ризница на витамини, минерали, олигоелементи, билни хормони... Содржи калиум, сулфур, витамини Б1, Б2, Ц, К, П, бета каротин. Кромидот во организмот дејствува слично како инсулинот.
Се смета дека кромидот помага при широк спектар на заболувања, од обична настинка, па сè до срцеви заболувања, дијабет, остеопороза, реума и некои други болести. Тој содржи хемиски соединенија за кои се верува дека имаат антивоспалителни, антихолестеролски, антиканцерогени и антиоксидативни својства. Едно од тие хемиски соединенија, на кое му се препишуваат многу корисни својства е кверцетинот.
Кверцетинот има антиканцерогени ефекти. Тој спаѓа во групата растителни пигменти наречени флавоноиди, кои се раствораат во вода. Се однесува како антихистамин и има антивоспалителни карактеристики. Меѓу многуте евидентни дејства на кверцетинот се и силните антиоксидантни карактеристики. Ја намалува оксидацијата на ЛДЛ (лошиот холестерол), односно го заштитува срцето.
Големиот број студии сугерираат дека кверцетинот може да има антиканцерогени својства. Кверцетинот како диетален додаток во исхраната станува сè попопуларен.
Кверцетинот се смета за фитоестроген (растителна супстанција со симулирачки функции како хормонот естроген). Се верува дека некои фитоестрогени имаат антиестрогенски ефект, што може да доведе до намалување на ризикот од некои видови на рак (рак на дојка, рак на простата). Со лабораториски тестови е докажано дека кверцетинот има антиестрогенска активност.
Лабораториски испитувања од Мayo клиниката покажуваат дека кверцентинот може да помогне во третирањето на рак на простатата, бидејќи ги блокира машките хормони што го стимулираат растот на раковите клетки на простатата. Според други студии, кромидот помага и во лекувањето на воспалението на простатата мажите со воспалена простата (простатитис) што земале кверцетин се редуцирале уринарните симптоми.
Кај луѓето што внесувале храна која содржи кверцетин и други флавоноиди е забележан намален ризик за рак на бели дробови, на желудник, на панкреас и на дојка.
Резултатите од испитувањата за флавоноидите сугерираат дека постојаното консумирање растителни продукти кои содржат кверцетин може да претставува висок заштитен ефект од рак на бели дробови.
Некои истражувања покажале дека зголемената исхрана со кромид доведува до намалување од ризикот за добивање рак на главата и вратот.
Во кромидот се наоѓаат многу состојки кои делуваат бактерицидно, т.е се борат против бактериите и другите микроорганизми, кои се причинители на разни воспаленија. Бактериостатиците во кромидот го даваат неговото лековито својство. Затоа често се препорачува при настинки, кашлица, акутен и хроничен бронхит, астма и други воспалителни заболувања.
Покрај тоа, кромидот ја прочистува и крвта, ги прочистува крвните садови и ја спречува атеросклерозата.
Со еден збор, кромидиот е здрава храна и природен лек.
Според гастрономската литература,најмногу го сакаат Французите. Нашироко е популарна нивната супа од кромид.
Присутен е во многу јадења во турската кујна, а најпознате е јадењето Соган долма со извлечени слоеви кромид полнети со мелено месо. Кај нас речиси е задолжителен во секое готвено јадење и како прилог кон месо на скара, состока во бројни салати. Македонската, шопската и компир салатата не можат да се замислат без кромид. Потекнува од Азија, а во Месопотамија и Египет го одгледувале уште пред шест милениуми. Денес е едно од најраспространетите растенија на светот. Во нашите краишта доаѓа во средниот век преку Италија. Иако исто како и во љубовта предизвикува солзи, не ни паѓа на памет да се откажеме од него.

Кога чистиме или сечкаме кромид, нашите очи се нападнати од киселина. Додека расте, кромидот собира сулфур од земјата, кој потоа се спојува со аминокиселина во клетките на кромидот и на тој начин се создава аминокиселината - сулфоксид.
Јапонските научници издвоиле ензим кој се наоѓа во кромидот, а благодарение на него се ослободуваат сулфоксиди кога се сече кромидот.
Со реакцијата се произведува киселина која со голема брзина се претвора во гас пропанетиол С-оксид. Кога тој ќе стаса до површината на окото, реагира со водата од солзите, и се создава сулфурна киселина која почнува да пече, поради што доаѓа до поинтензивно лачење на солзите.
Како да го решите овој проблем? Најдобар совет е кромидот пред сечење да се држи во ладилник, бидејќи со ладењето се забавуваат хемиските реакции кои го поттикнуваат „плачењето“.



недеља, 21. април 2013.

Рамазан Бајрам



   Верниците од муслиманска вероисповед во Македонија  го слават Рамазан-бајрам и тој спаѓа во државните празници. 
Празникот се слави три дена и почнува токму по завршувањето на постите, со што се означува крајот на месецот рамазан, во кој муслиманите  постеа, односно не јадеа и не пиеја ништо од изгрејсонце до зајдисонце.  Тоа е деветтиот месец во исламскиот календар и го означува почетокот на објавата на светата книга за муслиманите, Куранот.  

Овој ден муслиманските верници го започнуваат со молитва во џамија. Потоа, обичајот е да одат на гробишта за да ги посетат гробовите на предците и на блиските. Кога сето семејство ќе се собере дома, почнува меѓусебното честитање на Бајрамот. Обичајот е празникот прво им се честита на најстарите, а потоа на другите. По честитањето во кругот на семејството се оди на честитање на постарите роднини и пријатели ако живеат во истиот град или село. Честитките се реализираат и преку телефон и преку социјалните мрежи на интернет. Бајрамот е, исто така, време на помирување на скараните, на бацување рака на постарите.

На празникот најмногу се радуваат децата бидејќи добиваат голем број подароци, но и нова облека и играчки. Децата добиваат слатки кога и да заѕвонат на ѕвоното на кој било дом. За славењето на денот се приготвуваат и се служат традиционалните бајрамски јадења (бајрамско месо, аландити и баклава). 

За празникот се испраќаат пораки полни со солидарност и со изрази на морална помош. Овој ден е и повод да се истакне почит и сочувство кон муслиманите што трпат маки, што живеат во услови на војна и што се потчинети. Целта на Бајрамот е сите да се потсетат на сиромашните, на децата без родители и на осамените, но и да се најде начин да им се овозможи овој ден да го поминат достојно. Хуманоста е една од главните димензии што го отсликуваат празникот. Тоа, според толкувачите на исламот, е должност на секој муслиман за Бајрам.

 

недеља, 14. април 2013.

Светски ден на планетата Земја



 
По 43-ти пат, на 22-ри април ќе биде одбележан Денот на планетата Земја.

 За првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, како резултат на теоријата на американските научници дека на тој ден ќе се случи „демонстрација" на сите природни ресурси на земјата. На настанот присуствувале над 20 милиони граѓани, револтирани од загадувањето и токсичниот материјал. Целта на одбележувањето на „Денот на Планетата Земја" е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина. Серијата на алармантни еколошки инциденти кон крајот на 60-тите години од минатиот век спонтано почна да ги групира луѓето околу идејата да го заштитат животот на планетата. Еколошката кампања насочена кон заштита на Земјата поттикна на усвојување на документите за чиста вода и воздух, заштита на загрозените растителни и животински видови. Потоа уследи формирање на агенции и институции за заштита на животната средина, на владини и невладини еколошки организации ширум светот.



Од кого го штитиме животот на планетата Земја?

понедељак, 8. април 2013.

Порака од еден директор кој преживеал концентрационен логор

ПОРАКА:



Директорот на едно училиште  преживеал концентрационен логор во Втората светска војна па вели:
„Јас сум еден од ретките кои преживеа. Моите очи видоа работи што никој не смее да ги види: гасни комори дизајнирани и изградени од познати инженери, луѓе отруени од високообразовани лекари, доенчиња убиени од квалификувани медицински сестри, жени и мажи запалени од матуранти. Затоа не верувам само во образованието. Моето барање е: помогнете им на учениците да станат почовечни. Плодот на вашата работа не смеат да бидат учени социјални ѓубриња, високо квалификувани психопати, образувани убијци... Читањето, пишувањето и математиката се важни само ако ги направат нашите деца човечни“.




петак, 5. април 2013.

50 години од летот на првиот женски астронаут

Валентина Владимировна Терешкова


Валентина Владимировна Терешкова (7 март 1937), советски космонаут, прва жена која летна во вселената со вселенскиот брод „Восток 6“ на 16 јуни 1963 година и до 19 јуни 1963 година ја обиколи Земјата 48 пати, поминувајќи 1.960.000 километри.

(Родена во скромно семејство во 1973 година во регионот Јарослав, во Русија, Валентина Терешкова никогаш не би можела да предвиди дека ќе стане првата жена која ќе отиде во вселената. Првично следејќи ги чекорите на својата мајка, Терешкова ја започнува својата кариера во текстилна фабрика, надополнивајќи ја со неблагодарната, тешка работа со скокање од авион со падобран, тоа и било еден начин на бегство од монотоното секојдневие. На 24 години амбициите на Терешкова ќе ја натераат да аплицира за позицијата, космонаут, откако ќе слушне дека Советската Вселенаска Програма бара жена со искуство во небесните височини. Како што започнува да се загрева Студента Војна кон крајот на 50 години и почетокот на 60 од 20 век, Советската Вселенска Програма била одлучна да добие уште еден „прв“ пат, но сега во испраќањето на првата жена во вселената. Нико Крушчев и Јури Гагарин, првите мажи кои биле во вселената ја избрале Терешкова во 1962 година. Покрај историскиот момент за Терешкова и воопшто за жените, оваа одлука останала скриена од очигледни политички причии. Па така кога заминала на тајна 18 месечна обука , дури и на мајка и и кажала дека оди за да стане дел од елитниот летачки тим на Советскиот Совет. Нејзината мајка ја дознала вистината дури откако успехот на незјината ќерка бил објавен на радио. На само 26 година Терешкова се среќава со Млечниот Пат со „Восток 6“,  на 16 јуни 1963 година, со што покрај тоа што е првата жена во вселената, таа е и втората најмлада личност која некогаш била во вселената. За време на тридневниот лет, Терешкова орбитрирала околу земјата 48 пати со нејзиното вселенско летало. Кога патувањето завршило, и леталото се вратило во атмосферата, таа ги искористила порано научените вештини и слетала од леталото со падобран на Земјата. По слетувањето таа била прогласена за херој на Советскиот Сојуз и го добила орденот на Ленин за нејзниот историски лет и неверојатна храброст. Терешкова никогаш повторно не летала, но го оставила својот белег насекаде, служејќи како претседател на Комитетот на Жени на Советскиот Совет и како член во Врховниот Совет на националниот парламент на Советскиот Совет. Поради ова таа ја добива наградата, Златен Медал на Мирот од Обединетите Нации. Кратко по враќањето на Земјата, Терешкова се омажила со астронаутот Адријан Николајев и нивната ќерка била предмет на одреден медицински интерес, како прво дете од родители кои биле во вселената. Првиот и последен лет на Терешкова останува запаметен во меморијата на светот, а таа денес живее мирен живот во Москва.)


ПРВИТЕ 108 МИНУТИ НАДВОР ОД ЗЕМЈАТА (НАПИСОТ НА АМБАСАДОР НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИJА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJА ОЛЕГ ШЧЕРБАК ВО "НОВА МАКЕДОНИJA")
Во изминатите 50-тина години обидите на човештвото да се откинат од пределите на родната планета преминаа во нов стадиум. Во вселената престојуваше првиот човек. Тој не само што докажа дека може да се достигне тоа за што илјадници години мечтаеја на Земјата. Јуриј Гагарин ја отвори вселената за луѓето. Наместо смелите експерименти, од кои секој беше мал чекор кон непознатото, дојде епохата на пилотирачката космонаутика, отворајќи ја целата безграничност на светот кој не опкружува. Не случајно, од 2001 година, ентузијастите од целиот свет, кои ja изучуваат вселената, го одбележуваат советскиот „Ден на космонаутиката“ под името „Ноќ на Јуриј“ (Yuri’s Night).
Човештвото продре во вселената. Сега во орбитата почнаа да се лета според распоред, а космонаутите да се препознаваат само по летачките скафандери. Дури и самите космонаути, иако сосема незаслужено, почнаа да се сфаќаат како обични техничари који ги исполнуваат научните и индустриските задачи. Луѓето дури сега почнаа да ја освојуваат вселената, како што порано ги освојуваа тешко достапните и негостољубиви катчиња на планетата. Сега околу земјата летаат илјадници апарати со различни намени. А пред 50 години, кога човештвото само што се опоравуваше после разурнувачката Втора светска војна, се беше за првпат – првиот сателит, првото живо суштество во вселената, и на крајот, првиот човек.
Но, историјата на пилотираните летови, како и историјата на сите предизвици за човекот за другите непристапни предели кои се чинеа неосвоиви, е напишана со потта на многу луѓе, кои ги вложија својот труд и знаење, и со крвта на тие кои првпат зачекорија во непознатото.
Не смее да се рече дека научниците се движеле по тамина. На почетокот научија да создаваат ракети, способни да однесат товар во орбитата околу земјата. Потоа дојдоа на идеја за апарат кој ќе се спушти, кој ќе ги врати астронаутите дома. Го разработија системот за одржување на живот, термоизолацијата, врските и многу други работи. Беше создаден центарот за тестирање во Тјура-Тама (идниот космодром Бајконур). И на крајот, дојдоа до надворешни пилотирани летови.
Но, до полетот на Гагарин никој во светот практично ништо и не знаеше за влијанието на вселената врз човекот. Мислењата на лекарите поларно се разликуваа. Многумина претпоставуваа дека летот во вселенски услови не се разликува многу од летот во авион. Други беа убедени дека, чувствувајќи ја бестежинската состојба и лишувајќи се од ориентирите на кои навикнал, космонаутот едноставно ќе се мрдне од умот. Целосно да се моделира вселенското полетување е невозможно дури и во наше време. А дотолку повеќе тогаш. Да се испрати човек, немајќи притоа никакви податоци за неговите шанси да се врати, било просто безумие. Затоа први космонаути во вселената беа кучињата.
Се на се, почнувајќи од 1951 година, советските научници извршија 29 суборбитални летови, во коишто учествуваа 41 куче-космонаут. Десет години кучињата ги заменуваа луѓето и гинеа за да после нив не гинат луѓето. За нивната работа во 2004 година беше снимен и документарен филм „Одредот на вселенски скитници“.
Додека кучињата-космонаути летаа, им носеа на научниците бесценети информации и луѓето учеа да градат нови вселенски апарати. И ете, на 4 октомври 1957 година, двостепената ракета Р-7 го испрати во орбитата првиот во светот вештачки сателит на земјата. Потоа, на 19 август 1960 година „Спутник-5“ првпат во историјата врати на земјата живи суштества кои престојуваа во орбитата: кучињата Белка и Стрелка. Патот на човекот кон вселената беше отворен.
Подготовката кон летот на Јуриј Гагарин беше спроведена според сите барања на науката и насобраното искуство од тоа време. Но, сега, научниците со сигурност тврдат дека пред 50 години, нивните колеги не можеле да си замислат ниту половина од тешкотиите со коишто можат да се судрат луѓето и техниката за време на летот. „Тогаш ние едноставно не можевме да ги знаеме сите ризици. Сега ниту еден главен конструктор не би ја пуштил таа ракета да полета“ – по многу години си призна Борис Черток, еден од најблиските соработници на генералниот конструктор на советската вселенска програма Сергеј Королев, кој стана “татко“ на современата космонаутика.
Стартот и излезот во орбитата на првиот космонаут поминаа нормално. Јуриј Гагарин беше научен да поднесува голем преоптовареност уште за време на многубројните тренинзи. Но, вселенскиот брод се искачи во многу повисока орбита отколку што беше пресметаната. Тоа значеше дека, ако при спуштањето откаже системот за кочење, тогаш бродот ќе се спушта од орбитата само за сметка на аеродинамичното кочење во горните слоеви на атмосферата. Во таков случај враќањето на космонаутите би се растегнало речиси на месец дена, а резервите на кислород на бродот имаше максимум за 7 дена. За среќа, 108-те минути на Јуриј Гагарин во орбитата околу земјата и неговото враќање на Земјата завршија успешно. И самиот тој, и неговиот лет, кои беа опсипани со гласишта и неверици, достојно ја пополнија редицата легенди и херои на современиот свет.
После оваа случка, советската космонаутика буквално се вивна нанапред. На 11 август 1962 година – групен лет на вселенските бродови „Восток-3“ и „Восток-4“. На 16 јуни 1963 година – експедицијата на Валентина Терешкова, првата жена космонаут. На 18 март 1965 година – првото излегување на човекот во отворена вселена што го оствари Алексеј Леонов. И еве, денес, во орбитата на Земјата работи постојаната меѓународна станица. Пред неколку дена, на 4 април, од космодромот Бајконур, на ракета која го носеше името на Јуриј Гагарин, кон вселенската станица полета редовен интернационален екипаж.
Вселената стана арена за домашна дејност на човекот. Заради наша удобност, околу Земјата кружат сателити за врски, метеоролошки, навигациски и ретрансмитерски телевизиски сателити. Луѓето во вселената прават експерименти, добиваат нови податоци и технологии, се пробиваат напред во откривањето на тајните на создавањето на светот. Земјаните испратија истражувачки апарати во другите планети на сончевиот систем и дури и надвор од него.
Зачудувачки, но, дури и знаејќи го сето тоа, многумина како и претходно си го задаваат прашањето: зошто ни треба вселената? што ни дава вселената? дали тоа вреди овие трошоци и загуби? Можеби целата работа е во тоа што луѓето понекогаш премногу прагматично, потрошувачки приоѓаат кон овие прашања. Сметаме дека одговорот на овие прашања во почетокот на 20-от век веќе ни го даде научникот Константин Циолковски, еден од основоположниците и теоретичарите на современата изградба на ракети: „Не треба вечно да живееме во колевка“ Веројатно, човештвото веќе доволно пораснало не само да направи чекор надвор од родниот дом, туку и да почне да живее со исполнет живот. Оној живот којшто му е суден.
Во оваа смисла, значењето на летот на Јуриј Гагарин е непроценливо. Тој прв се откина од тивкото пристаниште наречено Земја и ги допре широките, отворени води на вселенскиот океан. И нам ни претстои да дознаеме кои ќе бидат вселенските Лазарев, Колумбо, Кук. Откривањето на нови „вселенски“ копна се уште е пред нас. Значи, сегашните и идните истражувачи на вселената со чисто срце, на своите едра, можат да ја стават фразата позната во цел свет, со којашто Јуриј Гагарин го почна својот пат кон ѕвездите „ПОЕХАЛИ!“ – “ОДИМЕ!”
Валентина Владимировна Терешкова, храбра и силна, жена светилник во мракот.