“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

четвртак, 29. август 2013.

ДНЕВНИ ПОДГОТОВКИ - 1.13 Утврдување



Оперативен план за наставен час по физика за VIII одделениe  дата:
наставник: ____________________________
училиште: _____________________________
Наставна тема:
1. Електрични и магнетни појави 
Наставна  содржинa:
1.13 Утврдување
Цели на часот:

- Утврдување на стекнатите знаења од електричен отпор до врзување отпорници;
- Издвојување на најбитните елементи од наученото и нивна примена;
- Да се здобијат со практичност и самостојност во работата.

Услови за работа:

- Училница во која клупите се наместени за работа во парови;
- Учебник, тетратка, дигитрон, молив, збирка задачи или функционален картон, наставно ливче, компјутер, проектор.
Следење, проверување и оценување на постигнувањата на учениците:
- Следење на работата на секој ученик;
- Наставно ливче;
- Евидентен лист.
Организација и активности на часот:
Фази на часот:
Наставник:
Ученик:




воведен дел:


главен дел:





завршен дел:


Обезбедува материјал за работа, функционален картон, наставно ливче.

- Дава упатства за работа.


- Функционален картон;
- Ја следи работата на учениците, помага, објаснува.


- Наставно ливче;
- Објаснува доколку има нешто нејасно;
- Задава домашна работа.




 - Бележи, се консултира, се пдготвува за работа.
 
- Одговара на барањата од  функционален картон, соработува, одговара на поставените  прашања, решава задачи.

- Ги решава задачите од наставното ливче, соработува со наставникот,
прашува доколку има нешто нејасно.

Предлог:
Функционален картон
Задача 1.
Дополни:
a) Зависноста на електричниот отпор од димензиите и својствата на проводниците е дадена со равенката R = ____
б) Проводникот има отпор 1Ω ако при напон од ____ на неговите краеви, низ него течеструја со јачина ___ . Математички тој однос се изразува со равенката 1Ω = __
в) Отпорниците во струјниот круг се врзуваат:
     - _____________________ ,
     - _____________________ ,
     - _____________________ .
г) Заеднички отпор кај сериски врзаните отпори е еднаков: R = ___ .
д) Заеднички отпор кај паралелно врзаните отпори е еднаков: R = ____ .
ѓ) Пресметај ги и внеси ги бараните вредности:

U
I
R
12V
0,2А


76Ω
220V

55Ω

Задача 2.
Реши ги задачите:
1. Скалата на амперметарот е 6А, а неговиот отпор 0,02Ω. Дали може директно да се вклучи на извор наструја со напон од 12V?
2. Пресметај го отпорот на алуминиумска жица, долга 4m, со напречен пресек 64mm². (ρ = 0,032Ωmm²/m)
3. Заедничкиот отпор на четири еднакви, паралелно врзани светилки изнесува 76Ω. Колкав отпор има секоја од нив пооделно?
4. Пресметај го заедничкиот отпор на три отпорници од по 6Ω, ако тие се врзани:
а) сериски,
б) паралелно.
Наставно ливче
Задача 1.
Дополни:
- Зависноста меѓу напонот U, јачината на струјата I и електричниот отпор R, е дадена со релацијата:
   R = _______
- 2kΩ = ____ Ω,   1Ω = ____ kΩ,                 1МΩ =____ kΩ
- Отпорници се ____________________________......, а во струјниот круг можат да се врзуваат _____ , _____ , _____ .
Задача 2.
- Во електричен круг поврзани се отпорниците: R1 = 10Ω, R2 = 2Ω, R3 = 15Ω, R4 = 30Ω. Напонот на изворот изнесува 24V, а неговиот внатрешен отпор е занемарлив. Колкава е јачината на струјата што ја покажува амперметарот ако
а) прекинувачот во струјниот круг е отворен,
б) прекинувачот во струјниот круг е затворен.

шема