“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

недеља, 25. август 2013.

ДНЕВНИ ПОДГОТОВКИ - 1. 5. Вежба - Составување струен круг, мерење јачина на струјата и напонот



Оперативен план за наставен час по физика за VIII одделение   дата:
наставник: _________________________
училиште: _________________________
Наставна тема:
1. Електрични и магнетни појави 
Наставна  содржинa:
1. 5. Вежба-Составување струен круг, мерење јачина на струјата и напонот 
Цели на часот:
- Да се запознае со електричен струен круг со сите негови карактеристики;
- Да се запознаат со практичната употреба на мерните инструменти;
- Да се здобијат со практичност и самостојност во работата.

Услови за работа:

- Училница во која клупите се наместени за работа во групи;
- Лабораториски практикум или функционален картон, извор на струја, мала светилка со фасонка, прекинувач, амперметар, волтметар, жици со приклучоци.
Следење, проверување и оценување на постигнувањата на учениците:
- Следење на работата на секоја група;
- Оценување на работата на секоја група;
- Евидентен лист.

Организација и активности на часот:
Фази на часот:
Наставник:
Ученик:



воведен дел:


главен дел:





завршен дел:

Обезбедува материјал за работа

- Дава упатства за работа.

- Помага, советува, објаснува.




- Евидентира, критикува.



- Внимава, прашува.


- Изработува електричен струен круг, експериментира, мери, размислува, се договара со групата.

- Презентира




Предлог:
Функционален картон
Вежба-Составување струен круг, мерење  јачина на струјата и напонот
Потребен прибор׃ Извор на струја, мала светилка со фасонка, прекинувач, амперметар, волтметар, проводници, приклучоци.
Тек на работа׃
1.   Електричниот струен круг состави го според дадената шема.
Секогаш кога во електричен струен круг работиш со истонасочна струја при вклучувањето на мерните инструменти внимавај  на нивниот поларитет.

шематски приказ на струен круг


2. Вклучи го прекинувачот. Електричниот струен круг е затворен и светилката свети. Стрелките на
    амперметарот и волтметарот се отклонуваат и покажуваат некоја вредност за јачината на струјата,      
    односно напонот во колото.
3. Исклучи го прекинувачот. Електричниот струен круг е отворен.Низ него не тече струја затоа светилката
    се гаси, а стрелките на амперметарот и волтметарот се враќаат во првобитна положба.
4. При составување електричен струен круг треба да се запомни следново׃
    а) Составувањето на електричен струен круг секогаш се врши со отворен прекинувач.
 б) Врзувањето во кругот започнува со едниот пол на изворот и по последователното врзување на сите елементи во него, се поврзува со другиот пол на изворот.
в) При врзувањето ва инструментите со кои се мери истонасочна струја секогаш внимавај на поларитетот.
г) Амперметарот во електричниот струен круг секогаш се врзува сериски со изворот и потрошувачите, а волтметарот секогаш паралелно.
5. Вклучи го прекинувачот. На амперметарот прочитај ја вредноста за јачината на струјата I1 и внеси ја во табелата во мерење со реден број 1.



мерење
I во А
U во V
1


2


3





6. На волтметарот прочитај ја вредноста на напонот U1 и внеси ја во табелата под реден број 1.
7. Исклучи го прекинувачот.
8. Амперметарот и волтметарот врзи ги во друга положба како на сликата:
9. Вклучи го прекинувачот. На амперметарот прочитај ја вредноста на јачината на струјата I2  и внеси ја во табелата во мерење 2.
10. На волтметарот прочитај ја вредноста U2  и внеси ја во табелата под реден број 2.
11. Избери сам некоја трета положба во која ќе ги врзеш амперметарот и волтметарот. Прочитај ги вредностите за јачината на струјата и за напонот па внеси ги во табелата.
12. Спореди ги вредностите на јачините на струјата. Што заклучуваш?
13. Врз основа на добиените вредности за напонот одговори на следниве прашања:
а) Колкав е напонот меѓу половите на изворот на струја кога електричниот круг е затворен?
б) Колкав е напонот меѓу половите на изворот кога електричниот струен круг е отворен?
в) Како се вика напонот што постои меѓу половите на изворот на струја кога струјниот круг е отворен?
 шематски приказ 

Забелешки и рефлексија од реализацијата на часот:

Нема коментара:

Постави коментар