“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

петак, 31. јануар 2014.

Никола Коперник

Никола Коперник (Торуњ, 19 февруари 1473Фромборг, 24 мај 1543) бил полски астроном, кој прв ја изнел современата теорија за хелиоцентричниот сончев систем (со сонцето како негов центар), во неговата книга „De revolutionibus orbium coelestium" („За движењето на небесните топки“).

Коперник е роден во градот Торуњ, Царска Прусија, автономна покраина на Кралството Полска. Се школувал во Полска и Италија, животот претежно го поминал работејќи во Фромборк, Царска Прусија, каде што и починал. Коперник бил математичар, астроном, правник, физичар, учител, управник, функционер, дипломат, економист и војник. Неговата теорија дека Сонцето, а не Земјата, е центар на Вселената, се смета за една од најважните и решавачките за понатамошниот развој на астрономијата и за една од најважните теории за човештвото. Таа теорија ги поставува темелите на модерната астрономија. Главната теорија на Никола Коперник била издадена во неговата книга „За движењето на небесните топки“, во годината на неговата смрт, иако тој дошол до заклучоците неколку децении порано. Во книгата, тој се оградува од теоријата за геоцентричен (и антропоцентричен) универзум, во кој Земјата е негов центар. Коперник бил убеден дека Земјата е само една планета која се движи околу Сонцето, која прави периоди од една година, а околу својата оска прави период од еден ден. Тој дошол до точниот распоред на познатите планети и ја објаснил прецесијата на рамнодениците точно, со мали отстапки. Дал точно произнесување и за годишните времиња, заради фактот дека земјината оска не е нормално  поставена во однос на рамнината на нејзината орбита. Тој навел уште едно движење на Земјата, при коешто оската преку целата година си покажува кон една иста точка, додека Галилео Галилеј кажал дека ако оската не покажува кон една иста точка, тоа би означувало нејзино движење. Коперник исто така ги заменил Птоломеевите екванти со повеќе епикружници.Системот на Коперник, соодветно на тоа, содржел повеќе епикружници. Системот на Коперник не бил експериментално подобар од системот на Птоломеј. Коперник се плашел од ова, а поради недостаток на докази, се потпрел на тоа – како би требало да изгледа тој систем. Од издавањето на книгата, па се до 1700 година, само неколку астрономи биле убедени во теоријата на Коперник, иако од неговата книга веќе постоеле околу 500 примероци. Теоријата на Коперник  влијаела врз работата на Галилео Галилеј, Јоханес Кеплер, кој ја доразвил, а се обидел и да ја докаже. Галилеовите набљудувања на фазите на Венера, биле првите практични докази кои ја поткрепувале теоријата на Коперник. Коперниковиот систем може да биде систематизиран и поделен во седум начела.

1. Во универзумот не постои центар

2. Центарот на универзумот е близу до Сонцето

3. Растојанието меѓу Земјата и Сонцето е незначителна во однос на растојанието меѓу Земјата и ѕвездите

4. Движењето на Земјата околу нејзината оска е одговорно за дневното движење на ѕвездите

5. Годишните движења на Сонцето се предизвикани од движењто на Земјата околу Сонцето

6. Ретроградното движење на планетите е резултат на движењето на Земјата, од каде што набљудуваме.

четвртак, 30. јануар 2014.

Галилео Галилеј

Галилео Галилеј е роден на  15.февруари  1564  година.


Галилео бил храбар бранител на вистината во период на верски фанатизам и прогон. Неговата приврзаност кон разумот и набљудувањето, помогнала да се отвори патот за европското просветителство во 18-от век. Неговите дела ги поставија темелите за големите теории на Њутн и Ајнштајн.
Галилео Галилеј, еден од клучните ликови во научната револуција во 16-от и 17-от век, помогнал да се смени начинот на кој луѓето гледале на светот и универзумот. Физичар, математичар и астроном, Галилео направил суштински откритија за природата на движењето и движењето на планетите. Ја открил важноста на експериментирањето и сметал дека физичкиот свет најдобро може да се разбере преку математиката. Неговото инсистирање дека универзумот треба да се разгледува со разум и докази го довело во конфликт со Црквата, но неговите откритија ја надживеале инквизицијата која се трудела да ги потисне.
Таткото на Галилеј бил музичар и најверојатно му помогнал во експериментите со затегнатоста и висината на звукот на жиците. Неговото формално образование се одвивало на универзитетот во Пиза, каде се запишал во 1581 година, за да учи медицина. И покрај негодувањето на татко му, Галилео го поминувал времето учејќи математика и го напуштил универзитетот без диплома во 1585 година. Галилео продолжил да изучува математика следните четири години, заработувајќи пари како тутор се додека не добил функција на универзитетот во 1589 година. Во овој период ја докажал теоријата за брзината на предметите што паѓаат, пуштајќи тегови од кривата кула во Пиза.
Неговите нестандардни погледи го довеле во конфликт со универзитетот и во 1592 година Галилео бил принуден да се пресели во Падова, каде предавал до 1610 година. Без финансиската помош на семејството по смртта на татко му, Галилео заработувал дополнително пари продавајќи домашно изработени шестари и давајќи приватни часови.
Во 1609 година Галилео чул за чудна направа измислена во Холандија со која далечните предмети можеле да се видат одблиску. Станува збор за телескопот и Галилео веднаш почнал да си гради свој. За една година го истражувал небото со направа што му овозможувала 20 пати зголемен поглед. Тоа бил важен момент во неговата кариера. Со својот телескоп Галилео ги открил четирите месечини на Јупитер и забележал дека нивните мени укажуваат на тоа дека орбитираат околу Јупитер. Овој доказ го нарушил птоломејскиот модел на универзумот одобрен од црквата, во кој сите небесни тела орбитираат околу Земјата. Галилео забележал и ѕвезди што биле невидливи за голо око. Веднаш ги објавил наодите во кратка книга посветена на еден од неговите славни ученици, Козимо II Медичи, војводата на Фиренца. Како награда, Козимо триумфално го вратил во Тоскана.
Со поголема финансиска слобода Галилео можел бргу да истражува. Ги изучувал прстените на Сатурн и открил дека Венера, како и Месечината, имала мени - показател дека се движела околу Сонцето. Овие откритија го посветиле кон теоријата - предложена од Никола Коперник еден век претходно - дека Сонцето, а не Земјата, е средиште на универзумот.
Коперниканизмот бил опасен  и во 1613 година инквизицијата се позанимавала со Галилео. Отпатувал во Рим за да ги брани идеите за хелиоцентричниот модел на Коперник, но бил замолчен и во 1616 година бил експлицитно предупреден да не продолжи со промовирање на тие идеи.
До 1632 година Галилео се почувствувал неспособен да молчи за коперниканизмот и ја објавил "Дијалог", која ги собирала сите главни нишки на мисла за природата на универзумот и ги дискутирала преку устите на неколку измислени ликови.
Кога го одвеле во Рим следната година и го прашале да се објасни пред инквизицијата, Галилео тврдел дека добил еклезијастичка дозвола да дискутира за коперниканизмот на хипотетички начин. За жал, не добил дозвола да го исмејува папското поддржување на старите аргументи, нешто што незауздано го прави во книгата. Инквизицијата го осудила на доживотен затвор.
За негова среќа, затворот не бил ништо повеќе од присилен егзил во ридиштата на Тоскана, каде можел да продолжи со работата во многу потивка форма. Иако го губел видот, продолжил со изучувањето, концентрирајќи се на природата и силината на материјалите, прошверцувајќи уште една книга вон Италија за да се објави во Холандија во 1638 година. Починал четири години подоцна, на 77-годишна возраст.

"Не се чувствувам должен да верувам дека истиот бог што не надарил со сетила, разум и интелект сакал да не ги користиме даровите и на некој друг начин да ни го даде знаењето што можеме да го добиеме со нивна помош", Галилео Галилеј, Писмо до војвотката Кристина" (1615).
Историја на телескопот
Од создавањето во Холандија, кон крајот на 16 - от век, телескопот го трансформираше нашиот поглед за нашето место во универзумот. За 400 години телескопите се развија од панаѓурска забава - обична месингана цевка со неколку леќи - до редици антени вредни милијарди долари, способни да најдат не само видлива светлина, туку и сите други фреквенции на електромагнетниот спектар.
Користејќи леќи за манипулација на светлината било вообичаено во Европа и во делови на Азија уште од 13 - от век, во форма на очила. Околу 250 години подоцна технологијата се применила во Холандија за изградба на првиот телескоп, кој можел да прави далечните предмети да изгледаат поблиски. Новостите за тоа се прошириле низ Европа, па телескопите станале популарни играчки за богатите. Галилео го експлоатирал потенцијалот на новата направа за сериозна научна работа.
Рефракциониот телескоп со леќи набрзо ги достигнал границите на практичноста: за да се добие поголемо зголемување, телескопите морале да стануваат се подолги, достигнувајќи должини и до 60 метри. Откривањето на рефлективниот телескоп на Њутн во 1688 бил од клучно значење. Тој користел огледала, наместо леќи, за зголемување на светлината - и со овој изум, наместо со теоретските дела, Њутн се стекнал со членство во Кралското друштво.
Иако во 20-от век рефлективните телескопи многу напреднаа, откритието на радиотелескопите - и оние што може да откриваат само невидливи фреквенции како микробранови, инфрацрвени, ултравиолетови, Х-зраци и гама-зраци - навистина ја револуционизираше астрономијата. Со таквите направи научниците ги измерија температурите на планетите и ја мапираа површината на Венера, обично покриена со густи облаци. Најдени се нови космички тела како пулсари и црни дупки, измерени се масите на далечните галаксии и откриени се квазарите, брилијантните космички тела што може да се видат" на далечина од 10 милијарди светлосни години. Тие исто така открија заднинска радијација преостаната од Големата експлозија - моментот на раѓањето на универзумот.
Но телескопите што користат видлива светлина се уште не снабдуваат со нови информации за небото. За да се избегне интерференцата на земјината атмосфера, во орбита е пратен речиси две и пол метри широкиот телескоп Хабл во 1990 година. Откако се решија некои технички проблеми, тој почна да пренесува илјадници извонредно детални и прекрасни фотографии од огромни космички настани низ универзумот и се покажа како еден од најважните инструменти.