“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

четвртак, 30. јануар 2014.

Томас Алва Едисон


Томас Алва Едисон дефинитивно е еден од најпознатите иноватори на сите времиња, со повеќе од илјада патенти зад неговото име.

Томас Алва Едисон е роден на 11 февруари, 1847 година, со слуховно пореметување кое му го попречуваше физичкиот развој. Многу рано престана со посета на училиште, па за неговото образование се грижеше неговата мајка. Работел многу различни професии, вработуван и отпуштан многу пати, а неговиот слух сè повеќе се влошуваше.
Својот прв изум, тикер со хартиена лента, кој беше користен за праќање цени од берзата ширум земјата, продаден за околу 40.000 долари. Од тие пари, Едисон отвори индустриска истражувачка лабораторија.
Забележаните пронајдоци на Едисон вклучуваат и микрофон со јаглени гранули, користен за подобрување на телефонот од Aлександар Бел, фонограф (направа за снимање на звукот на тапан обложен со фолија) и електричната светилка.
Во втората половина од 19 век, неколку иноватори ја претставија светилката со жаречка жичка. Сепак, најуспешен меѓу нив беше токму Томас Едисон.
Она по што се разликува неговиот изум од останатите е ефикасниот материјал со кој тој постигна поголем вакуум во балонот, и на крајот, поголема електрична отпорност на светилката.
Едисон ги патентираше тие подобрувања и со својот тим на крајот ја создаде светилката со карбонизирана бамбусова жица која можеше да свети и до 1.200 часа.
Првиот систем за напојување на еднонасочна струја, на Едисон му овозможи да направи цел систем од осветлување.
Томас Едисон почина на 18 октомври, 1931 година, во Њу Џерси, на 84 годишна возраст.

Нема коментара:

Постави коментар