“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 08. фебруар 2014.

Вернер фон Браун


Вернер фон Браун е роден во Германија, на 23 март, 1912 година, а починал на 16 јуни 1977 година. Татко му бил барон и успешен банкар, а мајка му била аматерски вљубеник во астрономијата. Кога Вернер фон Браун бил примен како член во лутеранската црква , мајка му му подарила телескоп, а со тоа му ја вградила и љубовта спрема астрономијата. Кога на 20 јули 1969 година првиот човек ( Нил Армстронг ) стапна на Месечината, најголемото признание му беше оддадено на Вернер фох Браун, конструкторот на ракетата Сатурн 5, која ги однесе космунаутите на Месечината.
Во основното образование, Ворнер бил слаб ученик, особено по математика и физика. Но, откако прочитал една книга за можно меѓупланетарно патување, фрустриран од тоа што не можел да ги разбере математичките формули и пресметки, сериозно ги надополнил своите слаби знаења и наскоро токму математиката и физиката му станале јака страна. Дипломирал како машински инженер, а две години подоцна докторирал на физика, кога имал 22 години. Вернер фон Браун работел многу на конструкција на секаков вид ракети, дури и за германската војска. Но, кога ракетите биле употребени за бомбардирање на цивили, особено над Лондон, Вернер одбил да соработува поради што бил затворен. Подоцна, при падот на Берлин, тој и целиот тим проектанти на ракети со своите семејства ( над 5000 луѓе! ) им се предале на Американците. Вернер и 40 негови соработници станале американски државјани во 1966 година. За жал, и во оваа земја Вернер сфатил дека властите повеќе се заинтересирани за оружје отколку за вселенски летови. Дури откако Русите го лансираа првиот вселенски сателит - Спутник 1 , американската влада му дава зелено светло на Вернер да започне вселенски истражувања. Така, во 1958 година е формирана НАСА, а Вернер станува директор за вселенски летови. Оттогаш, речиси сите вселенски летови на Американците се до 1972 година се негово дело, вклучувајки ги сериите летови ,,Џемини", ,,Меркри" и ,,Аполо". Вернер фон Браун често бил критикуван дека овозможил производство на убиствени оружја. Неговиот одговор бил дека научниците развиваат технологија, а моралната одговорност за тоа како и за што ќе биде употребена таа технологија е на страната на оние што ќе ја злоупотребат.


Вернер бил сериозен човек - христијанин ( лутеран ). Библијата ја сметал за ,, Откровение на Божјата природа и љубов " .
Тој бил противник на теоријата на еволуцијата и изјавил: ,, Има луѓе што тврдат дека вселената еволуирала преку случајни процеси; но какви случајни процеси можат да произведат човечки мозок или човечко око!? "
Тој, исто така, изјавил : ,, Не можам да ги разберам научниците коишто не признаваат дека зад постанокот на вселената стои еден супериорен ум "
,, Вселенските летови со луѓе се чудесно достигнување, но досега отвориле само едно мало прозорче, за да ѕирнеме во зачудувачките димензии на просторот. Овој поглед  треба само да ни ја зацврсти верата во недвосмисленото постоење на Творецот .

Нема коментара:

Постави коментар