“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 01. фебруар 2014.

Густав Роберт Кирхов



Густав Роберт Кирхов (Кенигсберг, 12 март 1824 – Берлин,17 октомври 1887) бил германски физичар 
кој долго предавал на универзитетот во Берлин. Познатите закони за јачината на  струјата, напонот и отпорот кај разгранетите кругови, денес познати Кирхофови закони, ги поставил на 20-годишна возраст, како студент. Голем придонес дал во науката за зрачењата и спектрите. Благодарејќи на неговиот углед во практиката бил воведен Омовиот закон кој долго време не се признавал.Тој го вовел поимот електричен потенцијал и апсолутно црно тело. Кирхоф го формулирал еден од основните закони за топлински зрачење. Заедно со Роберт Бунзен ја втемелиле спектралната анализа и ги откриле хемиските елементи цезиум и рубидиум.

Нема коментара:

Постави коментар