“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 08. фебруар 2014.

Жан Батист Жозеф Фурие


Жан Батист Жозеф Фурие ( Jean Baptiste Joseph Fourier  - 21 март 1768, Осер – 16 мај 1830, Париз ) бил француски математичар и физичар кој е најпознат по неговото иницирање и истражување на фуриевите редови и нивната примена. Фуриевите трансформации се исто така именувани во негова чест. Во 1822 ја објавува својата Théorie analytique de la chaleur, во која ги темели своите размислувања за Њутновиот закон за ладење. Во ова дело тој тврди дека секоја функција од некоја променлива, прекината или непрекината, може да биде претставена како серија од синуси од производи на променливата. И покрај тоа што овој резултат не е точен, Фуриевите опсервации дека некој прекинати функции се сума од бесконечен ред, биле огромно откритие. Фурие, открил дека гасовите во атмосферата можат да ја зголемат температурата на Земјата. Тоа го имал напишано во есеј од 1824. Ова е ефект кој подоцна ќе биде наречен „greenhouse effect“. Имал воспоставено и концепт на планетарен баланс на енергијта. Планетите добиваат енергија од различни извори и тоа предизвикува покачување на температурата. Планетите исто така губат енергија поради инфрацрвената радијација (која Фурие ја нарекувал „црна топлина“) со однос на покачувањето на температурата. Балансот е постигнат помеѓу добивањето и губењето на топлината. И покрај тоа што Фурие го разбирал концептот на односот на инфрацрвената радијација со покачувањето на температурата, Стефан-Болцмановиот закон кој дава точна форма на оваа зависност бил откриен 50 години подоцна. Фурие препознал дека Земјата добива енергија примарно од соларната радијација, за која, Земјината атмосфера е транспарентна, и дека геотермичката топлина не придонесува многу за балансот на енергијата. И покрај тоа, тој погрешно верувал дека радијацијата од интерпланетарниот простор има значаен придонес.

Нема коментара:

Постави коментар