“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 08. фебруар 2014.

Рене Декарт


Рене Декарт e роден на 31 март 1596 година во Ла Еј во Франција. Образованието го стекнал во Ањон, во тогаш елитното језуитско училиште во Ла Флеш (кое во 1604 го основал Анри IV), каде што 1200 момчиња се образовани за кариера на воени инженери, судии и владини службеници. Освен класичните студии на полето на науката, математиката и метафизиката, студентите биле учени да глумат, да пишуваат поезија, да танцуваат, да читаат и да се мачуваат. Образованието го продолжил во Поатије, каде што во 1616 година дипломирал право, а во 1618 заминува во Холандија на 15 месеци, како студент по математика и воен инженер. Во периодот од 1619 до 1628, Декарт патувал низ Северна и Јужна Европа, зборувајќи дека ги проучува книгите на светот. Ги истражувал езотеричните знаења, а особено бил инспириран од розенкројцеровците, со кои делел многу цели и животни навики: живеел сам, самотен живот, често менувајќи го местото на живеење (во текот на 22-годишниот престој во Холандија сменил дури 18 адреси), барал начини со кои човечкиот век би се продолжил и покажувал оптимизам во поглед на способноста на науката да ги подобри човечките услови за живеење. За него науката претставувала револуција и во тој поглед продолжил по чекорите на Франсис Бекон, прочуениот англиски филозоф. Во текот на престојот во Холандија, Декарт живеел многу повлечен и самотен живот, ги избегнувал пријателите и со нив одржувал контакт единствено преку писма. Спиел по 10 часа дневно. Во книгата „Правила за управување на умот“, напишана во 1628, но објавена дури во 1701 година, Декарт ги дава следниве правила: 1) Не прифаќај ништо за вистина што не е јасно само по себе.
2) Подели го проблемот на неговите прости делови.
3) Реши го проблемот тргнувајќи од наједноставните кон сложените делови.
4) Повторно испитај го претходното резонирање. Делото „Расправа за методот“ го објавил во 1637 година и набргу станува славен. Во 1641, кога се објавени „Медитации“, ја посетува Франција. Во ова значајно дело Декарт се сомнева во секоја вистина заснована на авторитет и во секоја вистина заснована на сетилата, зашто тие лажат, а не верува ни во сопствениот разум, зашто и разумот може да нè измами. Најобемното дело на Декарт, „Принципите на филозофијата“, е објавено во Амстердам, во 1644 година. Во ова дело Рене Декарт на целиот универзум му припишува математичка основа, сведувајќи ги сите изучувања на научни. Иако многу нешта земал произволно, потпирајќи се исклучително на идејата нешто да важи само врз основа на неговото верување дека тоа е така, сепак Декартовата теорија била многу значајна зашто ја насочила науката во тоа време. Во септември 1649 го напушта Амстердам за да ѝ служи како учител на шведската кралица Кристина. Така овој прочуен математичар и филозоф доаѓа во дворот на оваа млада и каприциозна кралица, која владеела на само 23 години. Шведската кралица имала чудни навики, спиела само пет часа дневно и спиела во ладни простории како Снежната кралица. Во писмата напишани до принцезата Елизабета Декарт се жали на условите на ваквиот живот, сакајќи шведската кралица да го отпушти и да го избрка од дворот. Кралицата не дозволувала да се загрева библиотеката, во која Декарт држел часови од пет часот наутро. По само неколку месеци секојдневно престојување во студената зима во ледениот двор, Рене Декарт се разболел и умрел од воспаление на белите дробови, во својата 54. година.

Нема коментара:

Постави коментар