“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 08. фебруар 2014.

Пјер Симон Лаплас


Пјер Симон Лаплас (Pierre-Simon Laplace - роден во Бомонт ан Ож на 23 март 1749 – починал на 5 март 1821 Париз) бил француски астроном, физичар и математичар, а претставува најистакнат претставник на теорија на веројатноста во 19 век. Неговото дело „Аналитичка теорија на веројатност“, значајно го поттикна развојот на математичката веројатност, како и  статистиката се до почетокот на 20. век. Неговото име се наоѓа помеѓу најголемите и најзначајните имиња во науката на сите времиња. Со право е наречен француски „Њутн“. Работел на подрачјето на небесната механика, се занимавал со теоријата на електрицитетот, со капиларноста на течностите и со специфичната топлина на цврстите тела. Познатата Кант-Лапласова теорија за настанокот на Сончевиот систем е објавена во 1798 година. Меѓу главните Лапласови дела се вбројуваат Небесна механика и Преглед на историјата на астрономијата.

Нема коментара:

Постави коментар