“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 21. новембар 2015.

Scientix Week 2015 - Струен круг како алатка во истражувањето

https://www.youtube.com/watch?v=Wo9uztwPvGc

Струен круг како алатка во истражувањето

Наједноставниот струен круг е составен од извор на електрична струја, прекинувач и потрошувач меѓусебно поврзани со спроводници.
Оваа едноставна направа можеме да ја искористиме при многу истражувања.


ИСТРАЖУВАЊЕ – ЕКСПЕРИМЕНТ – 1 
Дали сите моливи подеднакво ја спроведуваат електричната струја? 
Сите знаеме дека срцето – мината на моливот е изградена од графит – односно јаглерод кој е одличен спроводник на електрична струја.
Ако дел од спроводникот во струјниот круг го замениме со мината од моливот, светилката ќе свети, но не секогаш. 
Сите мини не го спроведуваат електрицитетот подеднакво. Тоа зависи од чистотата на графитот – јаглеродот.


ИСТРАЖУВАЊЕ – ЕКСПЕРИМЕНТ – 2 
Кога водата ја спроведува електричната струја?

Дел од спроводникот во струјниот круг го заменуваме со чаша вода од чешма. Во водата потопуваме две електроди (две метални плочи, едната од цинк, а другата од бакар, поврзани во струјниот круг). Електродите се оддалечени една од друга со дуплофан, за да не се допираат и можеме да забележиме кога водата ќе го затвори струјниот круг.

Налеаната вода од чешма не го затвора струјниот круг и сијаличката не свети.
Во водата додаваме готварска сол и светилката засветува, односно солената вода се однесува како спроводник на електрична струја. 

Од овој експеримент заклучуваме: Раствор од сол и вода спроведува електрична струја.


ИСТРАЖУВАЊЕ – ЕКСПЕРИМЕНТ – 3 
Сериско и паралелно поврзување на потрошувачи во струјниот круг 
а) Во истиот струен круг додади барем уште еден потрошувач – светилка и поврзи ги меѓусебно сериски. Затвори го струјниот круг. Двете светилки светат. Извади ја едната светилка.  Што се случува? На каков заклучок те наведува тоа?

б) Измени го струјниот круг такашто светилките ќе ги поврзеш паралелно. Повторно извади една светилка. Што се случува сега? На каков заклучок те наведува тоа? 

а) Ако од струјниот круг во кој се поврзани сериски две светилки извадиме една светилка и другата престанува да свети зошто се прекинал струјниот круг и струјата не тече низ него.

б) Ако од струјниот круг во кој се поврзани паралелно две светилки извадиме една светилка, другата продолжува да свети зошто се прекинал струјниот круг само во едната гранка, додека низ другата гранка тече струјата и светилката свети.

https://www.youtube.com/watch?v=lIiI5Y3OknY


Нема коментара:

Постави коментар