“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

понедељак, 03. октобар 2016.

Караџица на Јакупица




Планинарски дом Караџица, се наоѓа на 1455 m надморска височина и до него може да се дојде на неколку начини и од неколку правци. Со возило по патот од Драчево кон селата Долно Количани - Горно Количани - Црвена Вода – Преслап - викенд населбата Мала Река - селото Алдинци – домот Караџица. Од  Драчево до домот Караџица има 38 km колски пат. Следна можност за пристигнување со теренско возило е од велешка страна, односно преку селата во општина Чашка – Лисиче – Дреново - Долно Јаболчиште - Горно Јаболчиште - Дом Караџица. Планинарски патеки за пристигнување пеш до домот Караџица се: (скопско) Преслап - Кадина Река – село Алдинци - Караџица ( 2,5 h пешачење), село Цветово - Дом Караџица (околу  3,5 h пешачење ), село Патишка Река - Салакови Езера – Планинарски дом Караџица (8 h пешачење), село Црн Врв - Салакови Езера – Планинарски дом Караџица (6 h пешачење), (велешко) од Планинарски дом Чеплес - Солунска Глава – Планинарски дом Караџица (6 h пешачење). Во близина на планинарскиот дом Караџица се наоѓаат  неколку археолошки локалитети и тоа: “Кале” на вливот на Јуручка во Кадина Река, Алдинци, влашки колиби на Салакова Планина, Драчевски рид, селото Црн Врв и други. Околината на домот е богата и со разни шумски плодови, габи, чаеви, шумски јагоди, боровинки, капини, малини и др.
 Домот има капацитет од 15 соби со 65 кревети, кујна опремена со пристојни елементи и прибори, фрижидери, ормани за храна, туш кабини, ТВ со сателитски канали, салон со капацитет од 40 столчиња. 
Местоположбата на домот нуди многу можности за планинарење, mountain biking, off roud driving, лов и риболов и други спортови. 
Релации за прошетки во околината на  планинарски дом Караџица има многу благодарејки на живописната природа, но најпосетувани се: Каменот Жаба и Кадина Река (0,5 h пешачење), врвот на планината Мумџица 1569 m надморска височина (0,5 h пешачење), вливот на Салаковска во Кадина река (1h пешачење), Споменикот во чест на паднатиот руски авион (1,5 h) врвот Сипичан 1790 m надморска височина  ( 2,5 h пешачење), Бегово Поле 2000 m надморска височина (3 h пешачење), Солунска Глава – 2540 m надморска височина (5 h пешачење), Салакови Езера 2180 m надморска височина (4 h пешачење). 
Жаба

Кадина Река
Мумџица
Солунска Глава
Салакови Езера
Сипичан
БЕГОВО ПОЛЕ
Во непосредна близина на домот има повеќе поголеми планински реки и потоци кој се погодни за риболов. Поголеми и позначајни реки се Кадина Река, Салаковска Река, Алијагица, Јуручка Река и Мала Река.

Погодни релации за off roud и mount biking се Планинарски дом Караџица - Солунска Глава, Планинарски дом Караџица –  село Горно Јаболчиште, Планинарски дом Караџица - Салаковски Езера и др.
ЈАКУПИЦА

Јакупица или Мокра Планина е планински масив во централна Македонија. Составена е од повеќе планински делови: Даутица, Голешница, Караџица, Китка и Осој. Највисок и најзабележлив врв е Солунска Глава, висок 2540 метри. Планинскиот масив е настанат во терциерот, со раседнување. Јадрото е составено од гнајс и од кристалести шкрилци, а над нив се наоѓаат дебели слоеви на мезозојски варовници и доломити. На планината се наоѓаат траги од ледената епоха, претставени преку циркови (две езера), валови и морени. Јакупица е богата со разновидна флора и фауна, пасишта, извори – врела богати со чиста вода за пиење.

Нема коментара:

Постави коментар